ФУДБАЛ

Сцена која докажува дека Кристијано Роналдо повеќе не е истиот играч

Манчестер Јунајтед денеска победи против Саутемптон со 1:0.

 

Бруно Фернандеш го постигна единствениот гол за црвените ѓаволи од Олд Трафорд, кои ја забележаа втората последователна победа во првенството.

 

Менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг повторно го остави Кристијано Роналдо на клупата за резервни играчи на овој натпревар. Португалецот доби шанса да игра на 20 минути пред крајот кога го замени Џејдон Санчо.

Сепак, 37-годишниот напаѓач и денеска не му донесе ништо на својот тим. ЦР одигра прилично лоша улога и се чини дека легендарниот фудбалер повеќе не прави разлика.

 

Дека има одредени проблеми е јасно од контрата што ја имаше тимот од Олд Трафорд. Имаше ЦР еден на еден, лесно го завршуваше, а овој пат реши да го чека Бруно Фернандеш. Сè изгледаше многу бавно и слабо.

 

На крајот го направи најлошиот можен потег. Тој направи очајно додавање кон својот сонародник и играчите на Саутемптон успеаја да ја расчистат опасноста.

https://twitter.com/EnElVar/status/1563519042606239747

Пред неколку години ваквите ситуации речиси секогаш завршуваа со гол, но очигледно е дека Роналдо моментално не е во форма и не е ни сенка на фудбалер, дури ни оној од минатата сезона.

 

Кристијано се уште се поврзува со заминување од Манчестер. Претходните денови повторно се споменуваа Спортинг и Наполи како негови потенцијални дестинации, а дали навистина на крајот ќе го направи трансферот ќе видиме.

 

Јунајтед покажа дека може и без него. Играта на „црвените ѓаволи“ без ЦР изгледа прилично добро и веројатно на никој не би му било тешко да го види неговото заминување до крајот на преодниот рок.

Кристијано постигна 24 гола на 42 настапи за Јунајтед од неговото враќање во летото минатата година. Претходно во првиот мандат од 2003 до 2009 година постигна 118 голови на 292 натпревари.