Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ го одигра својот последен натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ во саботата и се збогува со навивачите на Реал Мадрид, а синоќа „Ас“ објави невидена снимка од Хрватот од клупскиот автобус.
Имено, Модриќ седи до соиграчот Лукас Васкез на тоа видео и во еден момент целосно се распадна. Почна неутешно да плаче додека гледаше во мобилниот телефон, а потоа Васкез го прегрна и почна да го теши.
Luka was crying going to the Bernabéu 😭💔 pic.twitter.com/49PcDPCiKD
— Ele 💔 (@EleModric) May 25, 2025
