ФУДБАЛ

Суарес за случајот „Дембеле“: Нека се угледа на некој од соблекувалната на Барса

Пристигнувањето на младиот Усман Дембеле на „Камп Ноу“ беше скапо. Можеби лидерите на Барса по заминувањето на Нејмар донесоа брза одлука за да го донесат Дембеле од Дортмунд со цел да ги смират навивачите што е можно поскоро.

Од доаѓањето на „Камп Ноу“ од младиот Французин не видовме многу од тоа. Веднаш по неговото доаѓање, тој имал големи проблеми со повредите, но оваа сезона стана јасно дека неговото однесување е чисто промашување.

Постојаното задоцнување на тренинг и на натпревари, лошите оправдувања, лошите навики за јадење, зависност од видео игри, недостаток на интерес за фудбалот и недостаток на професионализам, сите ови негативни страни го излудуваат тренерот Валверде и лидерите на клубот, па нема да биде изненадувачки ако Усман Дембеле за брзо ја завршена својата епизода во Барселона.

Сега и Луис Суарез се огласи за ситуацијата во која се најде неговиот млад соиграч.

„Мислам дека, да се биде фудбалер е привилегија. Треба да се фокусира на фудбалот и да црпи инспирација од примерни професионалци во соблекувалната на Барселона“, беше краток Уругваецот.

Дембеле оваа сезона за Барселона одигра 11 натпревари и постигна 4 гола со една асистенција.