Барселона веќе некое време бара играч кој ќе го замени Луис Суарез.
Уругваецот пристигна на „Камп Ноу“ во 2014 година и оттогаш одигра 262 натпревари за тимот од „Каталонија“ и постигна 182 голови, па со своите брилијантни игри беше еден од најзаслужните за многуте трофеи на клубот во последните неколку години.
Сепак, во јануари Суарез ќе наполни 33 години, а за него е јасно дека времето полека минува и тој во едно интервју ги откри имињата на тројца играчи за кои смета дека би можеле да го заменат.
“Еден е Абрахам. Тој е број девет во Челси. Тој изгледа како многу добар напаѓач за мене. Тој е многу млад, но неговото движење е добро и финишот е многу добар”.
„Уште еден што ми се допаѓа е Макси Гомез. Не само затоа што тој е Уругваец, туку и затоа што има толку квалитети што клубот ги бара во напаѓач“.
„И тука е Лаутаро Мартинез кој исто така покажува какво фантастично ниво на игра има“, рече Суарез.