Одличен натпревар во десеттото коло во шпанската Ла Лига одиграа Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад.
По многу возбудувања, конечниот резултат гласеше 2:2.
Гостите одлично го отворија натпреварот и во седмата минута поведоа со голот на Сорлот, а асистент беше Исак.
Исак ја круниса одличната вечер со гол во 48. минута за 0:2, но потоа следуваше враќање на Јорганџија.
Луси Суарез погоди во 61. минута за 1:2 по проигрувањето со Жоао Фелукс, а во 77. минута Суарез погоди од пенал за 2:2 и тоа се покажа како конечен резултат во ова големо фудбалско шоу.
Реал Сосиедад остана лидер со 21 бод, бод повеќе од Реал Мадрид, додека Атлетико е на четвртото место со 18 бодови.