Луис Суарез го заврши престојот во Барселона.
Барем тоа е она што го пренесуваат шпанските медиуми, во кој се наведува дека Роналд Куман ја објавил оваа одлука на Уругваецот, што не е изненадување.
Каталонците започнаа со целосна реконструкција за новата сезона, а со Саурез треба да биде договорено прекинување на соработката.
Уругваецот на тој начин останува без клуб, но сигурно не за долго, со оглед дека се поврзува со Јувентус, Ајакс и богатите клубови од МЛС.
Суарез, наводно, сакал да остане во Барса, но плановите на клубот се различни.
Тој играше за екипата од „ Камп Ноу“ шест години и освои многу трофеи.
Тој е трет стрелец во историјата на клубот, но сега е време за некои нови деца.