ФУДБАЛ

Суарез: Од нас зависи, да ја подобриме ситуацијата, да останеме во нашите домови (ВИДЕО)

Sвездата на Барселона, Луис Суарез, ги повика граѓаните да дадат сé од себе за да спречат ширење на коронавирус следејќи ги советите на медицинските власти.

Уругвајскиот напаѓач објави видео на Инстаграм за да ги увери фановите во време на паника создадена од пандемијата, во која животот го загубија повеќе од 7.800 луѓе и зарази најмалку 194.000 други ширум светот, дека тој и неговото семејство се добри.

Многу земји ширум светот престанаа да одржуваат собири и да ги затворија деловните активности, барајќи од граѓаните да останат во своите домови, во обид да го запрат ширењето на „Ковид-19“.

Фудбалските натпревари ширум светот се прекинати, бидејќи кај многу играчи и тренери е дијагностицирана болест.

Во Шпанија, земјата во која живее Суарез, пријавени се 11.117 случаи на коронавирус, а најмалку 491 мртви.

Суарез вели дека е од витално значење луѓето да го слушаат советите од владата и да останат дома за да бидат сигурни дека вирусот нема да се шири.

„Здраво на сите, од мојот дом во Барселона. Ги гушнувам силно и им давам сила на сите луѓе кои се борат со овој вирус, кој не загрижи сите нас“, рече Суарез.

„Треба да разбереме дека зависи од нас, да ја подобриме ситуацијата. Ако се грижиме за себе, се грижиме за нашиот сосед и целото население. Треба да се грижиме за хигиената бидејќи е многу важна. Ако сите заедно можеме да се бориме против ова, сите ние ќе продолжиме да уживаме во нашите животи, нашето семејство и нашите пријатели. Не заборавајте да останете дома“, додаде 33-годишникот.

https://www.instagram.com/p/B91O5LYIbHN/?utm_source=ig_embed