ФУДБАЛ

Суарез подготвува одмазда на Куман за она што му го направи, но со целосна почит кон Барселона

Луис Суарез е првиот пречкртан играч од доаѓањето на Роналдо Куман во Барселона.

Феноменалниот Уругваец беше буквално исфрлен од клубот, тој отиде во Атлетико Мадрид со кого ја освои титулата.

Суарез за каталонскиот спорт зборуваше за Роналдо Куман и моменталната ситуација во клубот.

“Куман ме третираше како да имав 15 години и Бартомеу ја претстави соблекувалната како штетна за тимот. Ме исфрлија од тимот и ме испратија да тренирам одделно од другите”, започна Суарез.

“Тензиите помеѓу Лапорта и Куман се штетни за играчите. За среќа, Барса има многу таленти во тимот и лесно може да излезе од оваа ситуација. Јас би му препорачал на Чави да почека. Ова не е вистинското време да дојде во клубот. Тој е паметен човек и треба да го чека вистинскиот момент.“

Суарез ќе биде на теренот против Барса во сабота и очајно сака да победи.

“Сакам да победам во сабота. Сакам да постигнам гол, и ако тоа се случи, нема да славам од почит кон Барселона”, изјави Суарез.

Искусниот Уругваец го носеше дресот на каталонскиот клуб шест години. Играше на 283 натпревари и постигна 198 голови.

Треба да се напомене дека Роналд Куман нема да биде на клупата на Барселона на дербито против Атлетико поради казната.