Луис Суарез по шест години ја напушти Барселона и потпиша за Атлетико Мадрид. За време на неговиот престој на „Камп Ноу“, тој стана легенда на клубот, но на крајот на авантурата беше понижен.
Во Барселона ги бараа сите начини да се ослободат од него, а одличниот напаѓач по мечот Уругвај – Чиле зборуваше за болните и крајно тешки последни денови во Барселона.
“Деновите до дебито за Атлетико Мадрид беа многу комплицирани. Плачев поради тоа што го поминав. Не ги прифатив добро пораките од клубот”, рече Суарез.
“Тие бараа решение за да го напуштам клубот. Особено начинот на кој тие го сторија тоа. Постојат работи што не ги знаеја. Тренирав, а дури и не играв 11 на 11 на тренинг …”, се пожали Ел Пистороло.
Тој исто така го коментираше потегот на Лео Меси кога се прости од него со емотивна порака на Инстаграм.
“Не бев изненаден што Меси ме поддржуваше јавно затоа што многу добро се познаваме. Тој знаеше за мојата болка низ која минував”, рече Суарез.