ФУДБАЛ

Суарез во Ривер Плата?

Луис Суарез, познатиот уругвајски фудбалер, кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Ривер Плата.

Одличниот напаѓач кој во изминатите две сезони настапуваше за Атлетико Мадрид, наводно се договорил со аргентинскиот гигант.

За време на викендот Суарез ќе дојде во Буенос Аирес на финалните преговори кога се ќе биде официјализирано. Целта на 35-годишниот напаѓач е во најдобра можна форма да го дочека Светското првенство во Катар.

 

На Суарез му истече договорот со Атлетик. Минатата сезона одигра 35 натпревари во Ла Лига и имаше 11 гола и две асистенции.

 

ПОВРЗАНО

Ла Лига