Главен судија на историскиот меч против Португалија, утре вечер за пласман на СП во Катар ќе го суди Англичанецот, Ентони Тејлор. 43-годишниот судија, роден во Манчестер е среќен за Македонија. Имено, токму овој судија ја делеше правдата на мечот од плејофот во Лига на нации против Грузија кој се одигра на 12-ти ноември 2020-та година, а кој го добивме со 1:0 со голот на Горан Пандев, по кој Македонија обезбеди пласман на ЕП за прв пат историјата. Дали е судбина или што ли е, останува нејасно, но она што посакуваме е секако ист епилог и развој на настаните против Португалија како на мечот со Грузија.
