ФУДБАЛ

Судбината на Агуеро е во рацете на 23-годишната Италијанка, таа има само една желба

Манчестер Сити пред неколку дена потврди дека Серхио Агуеро ќе го напушти „Етихад“ на крајот од оваа сезона.

Аргентинскиот напаѓач одлучи дека по десет години е време за нов предизвик во неговата кариера, а на лето ќе биде слободен агент бидејќи истекува неговиот договор со клубот во кој остави голема трага.

Веќе некое време се шпекулира за тоа каде Агуеро би можел да ја продолжи кариерата, а најмногу се поврзува со заминување во Барселона, иако нема информации од каталонскиот клуб дека сакаат да го донесат Аргентинецот.

Но, „Сан“ објави дека единствено што се знае во моментов е дека Агуеро нема да остане во Англија затоа што не ги разгледува понудите од другите премиерлигаши, а наводно за тоа е „виновна“ неговата девојка Софија Калзети.

Имено, оваа 23-годишна девојка има желба Агуеро да ја продолжи кариерата во Италија за да можат да се преселат во земјата во која пораснала. Таа не сака да остане во Англија и сака да оди во потоплите региони, а наводно Агуеро нема ништо против тоа.

Како и да е, проблемот е во тоа што ниту еден клуб од Италија не испратил понуда до Агуеро и како што стојат работите, тие во моментов се најблиску до одење во Шпанија, што секако нема да биде проблем за Софија бидејќи ќе биде многу поблиску до Италија. Но, она што изненади многумина е што овој 23-годишен модел се прашува многу повеќе од очекуваното кога станува збор за новиот клуб на Агуеро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofíα Cαlzetti (@soficalzetti)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofíα Cαlzetti (@soficalzetti)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofíα Cαlzetti (@soficalzetti)