Кристијан Ериксен ќе мине низ бројни тестови во Милано во наредните денови и најверојатно ќе се знае конечната судбина во неговата кариера.
Феноменалниот дански играч за врска доживеа срцев удар за време на натпреварот против Финска на Европското првенство. Лекарите му го спасија животот на терен, а потоа во Копенхаген беше инсталиран дефибрилатор за да се регулираат неговите отчукувања на срцето.
View this post on Instagram
Сепак, Ериксен во Италија не може да игра со овој уред. Правилата се јасни и доколку сака да ја продолжи кариерата во дресот на Интер, ќе мора да го отстрани дефибрилаторот и да преземе голем ризик.
Скај Спорт наведува дека 29-годишниот фудбалер ќе пристигне во Милано на прегледи во наредните денови. Ќе се разгледа потенцијално отстранување на дефибрилаторот, но дури и да се случи тоа, Ериксен нема да може да оди на терен барем уште шест месеци.
View this post on Instagram
“Во моментов, Ериксен не може да игра. Единствениот начин да се игра е да му се отстрани дефибрилаторот и после тоа тој е целосно здрав и подготвен”, изјави неодамна докторот на Италијанскиот фудбалски сојуз, Франко Браконаро.
Судбината на Ериксен најверојатно ќе биде позната многу скоро и најверојатно ќе ја донесе најдобрата одлука со лекарите.
Претходно, данскиот фудбалер играше за Тотенхем седум години, а играше и за холандскиот гигант Ајакс.