ФУДБАЛ

Судбината на Ракитиќ е сè уште неизвесна

Сè уште не е познато дали Иван Ракитиќ наскоро ќе ја напушти Барселона.

За сето ова се зборуваше долго време, но според пишувањето, неговиот нов клуб сигурно нема да биде Јувентус или Интер, двата клуба со кои се поврзуваше.

„Барселона не го понуди Ракитиќ на тие клубови, ниту е заинтересиран за нив“, изјави извор во Мундо Депортиво.

„Сите што ме познаваат знаат колку сум приврзан кон Шпанија. Еден ден ќе се вратам да живеам во Севилја затоа што сопругата сака почесто да го гледа семејство, но сега сме во Барселона и немаме намера да смениме ништо, особено да ја напуштиме Шпанија“. Рече неодамна Ракитиќ.

Неодамна се појавија информации дека хрватскиот играч од средниот ред може да замине во Лацио, кој наводно стапил во контакт со неговиот претставник.

Му беше понуден тригодишен договор.