ФУДБАЛ

Судијата го прекина натпреварот на „Емирати“ поради Емери: Спорна беше неговата црна јакна

Арсенал беше поразен од Ајнтрахт со 2:1 во натпревар од Лигата на Европа во четвртокот вечер на „Емирати“ и незадоволните навивачи, продолжија молитвите за заминувањето на Унаи Емери.

Вклучувањето на Емери во Арсенал не дава резултати и многу навивачи на овој клуб сакаат Шпанецот да го напушти клубот, што е можно поскоро, додека сезоната сè уште не е изгубена.

Сепак, до вчера Емери имаше поддршка од лидерот на клубот, иако тој наводно сега ќе седне на преговарачката маса и има се помалку и помалку време за Емери, кој е свесен дека го губи компасот и дека неговата визија за фудбалот не му помага на Арсенал.

Интересната сцена се случи синоќа за време на средбата со Ајнтрахт, Емери беше во предност. Судијата го прекина натпреварот, нарачувајќи му на Емери да ја соблече црната јакна, која беше со иста боја како и германските дресови.

Потоа, Емери доби сива јакна во која ги бодреше своите играчи на теренот, но на крајот, сивата јакна не донесе ни среќа.

https://twitter.com/brlive/status/1200146450509914119