Познатата фудбалска опсерваторија CIES од Нојшател (Швајцарија) ја процени вредноста на секоја репрезентација која се пласираше на Светското првенство во Катар. Во предвид беа земени 831 играч, а конечниот резултат покажува дека Англичаните се најскапата екипа (речиси 1.500.000.000 евра), односно дека Костарика е најевтина (само 23.000.000).

Вчера со своја оценка излезе и Трансфермаркт. Разликата во оценувањето е очигледна. Особено кога станува збор за најскапите поединци. Така, на пример, во првата варијанта, најскап поединец на Мундијалот е Килијан Мбапе (160.000.000), додека CIES му дава приоритет на Џуд Белингам од Борусија Дортмунд и го вреднува со дури 202.000.000!