Она за што се шпекулираше со недели, денес доби официјална потврда. Фудбалските и меѓународните натпревари на кои сме навикнати никогаш повеќе нема да бидат исти.
УЕФА веќе донесе одлука за откажување на правилото за голови, а официјалната потврда дека познатото правило ќе биде укинато пристигна денес. Тоа го потврди и европската фудбалска организација.
Откако одборите за натпреварување на УЕФА предложија укинување на правилото за голови, Извршниот одбор одлучи да го прифати предлогот и правилото беше дефинитивно укинато.
Нион рече дека правилото за гол во гости престанува да важи од почетокот на сезоната 2021/22, од првото коло на квалификациите.
⚽ The away goals rule will be removed from all UEFA club competitions from the 2021/22 season.
Ties in which the two teams score the same number of goals over the two legs will now have two 15-minute periods of extra time, and, if required, penalty kicks.#UCL #UWCL #UEL #UYL
— UEFA (@UEFA) June 24, 2021
„Доколку две екипи имаат постигнато идентичен број на голови по вториот одигран натпревар, победникот ќе се одлучува во две продолженија од по 15 минути, а доколку резултатот остане нерешен, победникот ќе се одлучува преку изведување пенали“, соопшти УЕФА.
Ова правило на гол во гости, беше на сила во европските национални и клупски натпреварувања од 1965 година.