ФУДБАЛ

„Суперкласико“ повторно е преместен, играчите на Бока не сакаат, но принудени се да играат

Требаше да започне во 21 часот, па реваншот од финалето на Копа Либертадорес беше префрлен за во 22 часот, а тука се и најновите информации кои велат дека играчите нема да започнат пред 23:15.

Играчите на Бока беа избркани од соблекувалната, гостите не сакаа да играат, бидејќи беа повредени за време на нападот во нивниот автобус од страна на навивачите на Ривер, но добија предупредување.

Дури и тренерот на Ривер, побара натпреварот да биде одложен за утре, но организаторите се заканија дека мора да играат вечерва.

Претседателот на ФИФА, изјави дека Бока ќе бидат дисквалификувани ако вечерва не играат, што значи дека трофеј припаѓаат на Ривер, иако во Бока сакаат да стигнат до победа.

Сега прашање е дали „Суперкласико“ ќе се игра вечерва, а тензиите стануваат се поголеми.

Како што објавија медиумите во Аргентина, Бока, во случај да одбие да игра има закана од петгодишна суспензија од ова натпреварување.

https://twitter.com/JuanG_Arango/status/1066428844419280896