Суперкомпјутерот се врати во акција.
Многу англиски медиуми го користат суперкомпјутерот за да се обидат однапред да го утврдат текот на одредено натпреварување, а сега го искористија по ждрепката во Лигата на шампионите.
Различни елементи, податоци и статистика се користат во пресметката, а тој не донесе добри вести за Англичаните. Според пресметките во осмина финалето од Лигата на шампионите ќе испаднат дури три екипи од Премиер лигата, европски шампиони Ливерпул, Челзи и Тотенхем.
Единствената екипа од Англија која оди напред е Манчестер Сити, кој го има Реал Мадрид како свој противник.
Вака суперкомпјутерот ги предвиде исходите од осминафиналето во Лигата на шампионите:
Борусија – ПСЖ 1:2 1:2
Реал Мадрид – Ман. Сити 1:1 1:3
Аталанта – Валенсија 1:1 1:2
Атлетико – Ливерпул 1:0 1:2
Челзи – Баерн 1:2 0:2
Лион – Јувентус 1:2 1:2
Тотенхем – РБ Лајпциг 2:1 0:1
Наполи – Барселона 0:3 1:3
Интересно е да се напомене дека пред почетокот на сезоната, суперкомпјутерот што го работеше „БТ Спортс“, Реал Мадрид беше избран за нов европски шампион, а со новите пресметки излегува дека во осминафиналето ќе испадне од Сити.