Шпанскиот фудбалер својата иднина ја гледа во Милан.
Сусо неодамна беше еден од најкритичните играчи на Милан.
Дури се шпекулираше дека шпанскиот фудбалер би можел да го напушти Милан за време на јануарскиот преоден рок.
Но, ако се прашува шпанскиот репрезентативец, такво нешто нема да се случи.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул инсистира на тоа дека сака да остане на „Сан Сиро“ и открива дека имаше понуда да си замине, но остана лојален на италијанскиот клуб.
„Уживам да останам во Милано. Можев да заминам две години по ред, но не. Останав овде затоа што тоа го сакав. Милан ме доведе без пари и со оглед на тоа, мислам дека настапите во Милано беа добри“, рече Сусо за „Ла Газета дело Спорт“.
Тој има и порака за фановите на Милан.
„Им велам на фановите: Верувајте во мене. Навивачите имаат право да не навиваат, бидејќи ниту јас, ниту екипата не играме добро. Сепак, убеден сум дека немам што да му докажам на никого. Луѓето знаат што можам да направам. Ако ме критикуваат, тоа е затоа што очекуваат од мене да направам повеќе и знаат што можам да направам. Ако играчот не биде критикуван, тоа е затоа што тие не очекуваат ништо од него“, заврши Сусо.