ФУДБАЛ

Сусо со голем трансфер се враќа во Премиер лигата?

Фудбалерот на Милан, Хесус Сусо може да се врати во англиската Премиер лига.

Според италијанските медиуми, Челзи е заинтересиран за играта на 24-годишниот играч на Милан и ќе се обиде да го донесе во своите редови уште во јануари.

Сусо го носеше дресот на Ливерпул од 2010 до 2015 година, но никогаш не доби вистинска шанса и се одлучи да оди во Милан, каде што е навистина одличен оваа сезона.

Шпанецот директно учествуваше во 10 гола на Милан оваа сезона во само 11 натпревари. Тој постигна три, а асистираше седум пати.

Таквите игри го привлекоа Челзи. Тие се подготвени да платат 40 милиони евра од клаузулата за откуп, за да можеме да го видиме Сусо во јануари во екипата на „Стемфорд Бриџ“.

Договорот на Сусо со Милан истекува летото 2022 година.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига