ФФМ го суспендираше теренот на Шкендија поради инцидентите кои се случија на мечот со Шкупи изминатиот викенд. Клубот е предаден на Диспциплинската комисија која ќе одлучува за дисциплинските мерки за тетовскиот тим.
Изминатиот викенд на дербито со Шкупи се случија неколку инциденти. Прво беше каменуван судија и еден фудбалер, потоа имаше тепачка помеѓу фудбалерите, а пред влезот на стадионот кога пристигна делегацијата на гостите од Скопје исто така имаше инцидент при што имаше и повредени.