ФУДБАЛ

Свечено во „Паркот на принцовите“: Навивачите на посебен начин го поздравија најдобриот светски фудбалер

Церемонијата се одржа на „Паркот на принцовите“ пред почетокот на дуелот од Лига 1 меѓу ПСЖ и Ница.

Џиналуиџи Донарума и Лионел Меси беа пречекани од навивачите и специјален добредојде на стадионот, откако во понеделникот примија вредни лауреати.

Донарума ја доби наградата за најдобар голман, додека Лионел Меси уште еднаш ја понесе „Златната топка“ за најдобар фудбалер на светот.

Наградата на Меси не ја поддржа советот на фудбалски фанови, сметајќи дека Аргентинецот не заслужил да победи оваа година и дека наградата требало да ја добие Роберт Левадовски.

Меси вечерва го предводи нападот на ПСЖ во дуел против Ница.