Според „Трансфермаркт“ најголем скок во цената според игрите прикажани сезонава на теренот има Стефано Сенси од Интер, но тука се уште двајца соиграчи на Елмас од Наполи, а тоа се Фабијан Руиз и Џовани ди Лоренцо.
На стартот од сезоната македонскиот репрезентативец според интернет порталот „Трансфермаркт“ беше проценет на 10 милиони евра. Сега неговата цена е зголемена за седум милиони евра и е помеѓу десетте фудбалери во Серија А со најголем напредок.