ФУДБАЛ

Светското првенство во Катар е побогато за уште една репрезентација

Добивме уште една селекција на учесници на Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи на крајот на оваа година.

Фудбалската репрезентација на Јужна Кореја ја совлада Сирија со 0-2 во осмото коло од азиските квалификации и со тоа и математички обезбеди директен пласман на Светското првенство од групата А на две кола пред крајот, каде последното коло и Иран обезбедија пласман во Светско првенство.

Во дуелот против Сирија, триумф на Јужна Кореја и обезбедија Ким Џин-Су и Квон Чанг-Хун со головите во 53. и 71. минута од натпреварот.

На две кола пред крајот на квалификациите во групата А единствено непознато е кој ќе биде третопласиран и ќе го освои азискиот бараж, а за тоа место ќе се борат ОАЕ (9), Либан (6) и Ирак (5).

Групата Б е вистинска драма пред последните две кола. Саудиска Арабија, Јапонија и Австралија водат голема битка за првите две позиции кои водат директно во Катар, додека третопласираната селекција ќе биде во споменатиот азиски бараж.

Победникот на азискиот бараж ќе игра со Интерконтиненталниот бараж, што ќе биде последна шанса да добие виза за СП 2022 година.

ПОВРЗАНО

Светско првенство 2026