Новата аквизиција на Баерн Минхен Лукас Ернандез откри дека тој никогаш нема да му се придружи на Реал Мадрид.
Французинот направи трансфер во германскиот гигант за 80 милиони евра од Атлетико Мадрид, уште во летото.
Во интервју за „Франс Фудбал“, 23-годишниот фудбалер откри дека Реал барал информации за него, но тој одбил трансфер заради лојалноста кон Атлетико.
„Точно е дека Реал сакаше да ме купи, минатото лето. Сепак, јас одбив, никогаш не можам да му се придружам на Реал затоа што ги бранев боите на Атлетико“.