ФУДБАЛ

Sвездата на Барселона тестираше 26 пати позитивно на коронавирус

Серхи Роберто се појави во неделата во предизвикот против тимот на Баскија, Атлетик Билбао по повредата што ја заработи пред два месеци.

Во медицинскиот извештај издаден од клубот се наведува дека тој бил заразен со коронавирус кратко време откако бил повреден.

Новинарот Ксавиер Кампос во емисијата „Онзе“ даде повеќе детали кои покажуваат дека откако бил заразен со корона, после тоа бил позитивен на тест уште 26 пати.

Во меѓувреме, шпанскиот репрезентативец се опорави и од повредата и од коронавирусот и ќе му биде на располагање на клубот за следните натпревари.