Францускиот играч од средниот ред Н’Голо Канте е позитивен на коронавирус, објавија денеска англиските медиуми.
Канте веднаш беше испратен во самоизолација, и тој дефинитивно ќе го пропушти гостувањето на Челзи кај Јувентус во Лигата на шампионите, но и дуелот со Саутемптон следниот викенд во Премиер лигата, додека неговиот настап за Франција во октомври е под знак прашалник.
Тренерот на „сините“, Томас Тухел, изјави дека Кристијан Пулишиќ, Мејсон Маунт и Рис Џејмс исто така нема да бидат на располагање против Јувентус поради повреди.
Во дербито помеѓу Челзи и Јувентус во среда навечер ќе недостигаат и дивите sвезди на Старата дама, Пауло Дибала и Алваро Мората, бидејќи се повредија на неодамнешниот натпревар со Сампдорија во Серија А.
Јувентус ја започна Лигата на шампионите со победа над Малме, додека Челзи го совлада рускиот Зенит на Стемфорд Бриџ со резултат 1:0.
Натпреварот Јуве-Челзи е закажан за среда навечер во 21 часот.