Тотенхем синоќа беше поразен во дербито од Ливерпул со 3:1 на нивниот стадион.
Овој пораз на домашниот тим беше обележан и со инцидент што беше објавен утрово во островските медиуми, со Серж Ауриер во центарот на вниманието.
Имено, Ауриер беше изваден од игра од Жозе Мурињо на полувремето од играта, а на играчот му беше тешко да прифати такво понижување, па тој едноставно избега од стадионот за време на паузата.
Жозе се чини губи трага и некои од неговите одлуки многу им штетат на Спарс, а Ауриер е само еден од ретките играчи во овој тим кои се разочарани од односот на Португалецот.