Баерн синоќа беше супер убедлив со нереални 12:0 против германскиот нисколигаш Бремер.
Мечот се одигра во првото коло од Купот на Германија, во кое Баварците го победија својот ривал.
Четири гола постигна Чупо-Мотинг, два Музиалс, додека Сане, Сар, Толисо, Тилман и Куисанс постигнаа по еден гол со еден автогол на домашниот тим.
Баварците испратија дури 38 удари кон колото на Бремер, па вистинско чудо е што не победија со уште поголема разлика.
По овој натпревар, дојде до вистинско задоволство во редовите на минхенскиот гигант, проследено со вистински шок.
Имено, според планот, играчите на Баерн требаше да отпатуваат за Берлин веднаш по натпреварот, каде што играат натпревар со Херта за викендот, но нивниот лет беше одложен поради бомба!
Многумина се прашуваа дали станува збор за терористички напад, но објаснувањето од персоналот на аеродромот во Бремен пристигна многу брзо, велејќи дека во близина на аеродромот е пронајдена бомба од Втората светска војна, тешка 500 килограми, пишува германски Билд.
Баерн на тој начин мораше да најде сместување за ноќта, а персоналот на аеродромот им вети дека ќе полетаат во четвртокот наутро. Меѓутоа, поради исклучително деликатната деактивација, целиот процес траеше подолго, па Баварците добија ново одложување.
Деминерите веќе се на терен и се очекува опасноста да биде отстранета што е можно поскоро.