Мајк Тајсон му даде пријателски совет на Деонтај Вајлдер пред реваншот со Тајсон Фјури, закажан за 18 јули во Лас Вегас.
Вајлдер го загуби ВБЦ-појасот на светскиот шампион на 22-ри февруари од Британецот. Фјури буквално го претепа, а борбата беше заврши во седмата рунда.
Мајк Тајсон беше присутен на овој натпревар, а по сето она што го виде, реши да му даде совет на Вајлдер пред реваншот.
„Опорависе, биди со миран глава и потоа врати се во рингот. Мора да го сториш тоа“, рече Мајк.
Тајсон не го криеше навивањето за Фјури, а тоа беше јасно од реакциите во публиката за време на првиот натпревар.