Мајк Тајсон беше поразен од Евандер Холифилд на еден од најпознатите натпревари во 1997 година, откако му го гризна увото на противникот.
Тајсон бил револтиран поради фактот што Холифилд се борел „валкано“ и решил да реагира. Години подоцна тој тврди дека веројатно би го сторил истото ако Холифилд се бори на ист начин.
“Реков дека никогаш повеќе нема да го сторам тоа, но можеби и ќе го сторам тоа. Ако направи сè што направи порано ќе биде каснат, дефинитивно ќе го сторам тоа повторно”, рече Тајсон.
Мајк објасни претходно зошто се случил славниот залак.
“Сакав да го убијам и затоа го гризнав. Полудев, се изгубив за време на борбата, тој ме исфрли од такт”, рече Тајсон.
https://twitter.com/BoxingHistory/status/1277326652725477379
Исто така се зборува и за третиот натпревар од овие спортски легенди, и ако тоа се случи сосема е извесно дека натпреварот ќе привлече многу внимание.