Некогаш и еден детал може да биде доволен за да стане вирален и цел на потсмев на социјалните мрежи.
Јувентус не успеа да ја победи Сампдорија на гости, откако мечот заврши нерешено 0:0 по слабата игра од двете страни.
Момците на Масимилијано Алегри покажаа две лица, што самиот тренер го истакна по натпреварот. Ако во вториот дел подобро се движеа барајќи вертикалност, во првиот дел од играта потешкотиите во конструкцијата на играта се зголемуваа.
Што се однесува до голгетерските можности кои ги создава Јувентус, тука се и бројките на Душан Влаховиќ, кој по двата гола на мечот против Сасуоло, немаше ниту еден удар кон голот на Сампдорија и допре осум топки во текот на мечот. Не е вечер за паметење.
Тешкотиите во градењето на играта се повеќе од евидентни, па при нападот средината буквално остана празна.
Токму поради тоа дефанзивните играчи најмногу ја префрлаа топката меѓу себе и јасно е дека нема квалитетен играч во средниот ред на Јувентус подготвен да ризикува и да ја извади топката.
Иако поради повреди не играа Пол Погба и Ди Марија, од Јувентус се очекува повеќе во конструкцијата на играта, особено против послабите тимови како Сампдорија.
#AllegriBall pic.twitter.com/gHicg7aC2s
— Matteo Bonetti (@Bonetti) August 22, 2022
А по мечот, Алегри, кој има седум милиони годишна плата во Јувентус, на свој начин го опиша фудбалот како игра.
Фудбалот е едноставна игра, играчите треба само да му ја префрлат топката на својот соиграч“, рече Алегри.
Сосема е јасно дека на навивачите на Јувентус и оваа сезона ќе им треба многу трпение, бидејќи е тешко нешто да се промени радикално.