Коронавирусот го парализира фудбалот. Сите репрезентативни натпревари се одложени до понатамошно известување, додека клупскиот фудбал се игра само во неколку земји.
Николас Нкулу се согласи да се врати во Камерунската репрезентација по три години отсуство, но Ковид-19 го спречи повторно да игра во дресот на националниот тим.
Искусниот стопер на Торино последен пат играше за Камерун на првенството во Африка во 2017 година, а по неколку недели размислување се согласи повторно да игра за популарните Лавови.
ФС Камерун и државните институции, некако успеаја да го убедат 30-годишникот да се врати во националниот тим. Сепак, пандемијата на коронавирус го спречи, барем засега.
Нкулу досега го носеше дресот на Камерун 72 пати. Тој беше член на генерацијата која го победи Египет во финалето во 2017 година со 2:1 во, достигнувајќи ја петтата титула на континенталното натпреварување.