Никола Митревски стигна до признанието за најдобар голман, додека Марио Танкоски го доби признанието за најкорисен ракометар на турнирот.
Бекот беше најдобар стрелец во финалето со вкупно осум гола, а се истакна и во полуфиналето со Алжир. За најдобар голман заслужено е прогласен Никола Митревски, кој имаше 16 интервенции само во финалето.
Македонија на „Трофеј Карпати“ во финалето ја совлада Романија (20-24), а претходно славеше над Алжир.