Мејсон Гринвуд, 20-годишниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, од утрово е една од главните теми на Островот.
Девојката на Гринвуд, Хариет Робсон, го обвини за насилство, а објави фотографии на кои се гледаат повредите за кои вели дека и ги нанел напаѓачот на славниот англиски клуб.
Фотографиите кои девојката ги објави на социјалните мрежи се навистина застрашувачки, а на едната се гледа како крв тече по нејзиното лице.
Полициските службеници веднаш почнале да го истражуваат случајот и двајца полицајци биле видени во нејзината семејна куќа во Стокпорт. Таа даде изјава по тој повод, а во меѓувреме Гринвуд беше суспендиран од Манчестер, а најавата стигна од Најк, очигледно ќе го раскине спонзорскиот договор на младата ѕвезда.
https://youtu.be/2SpeIY5vq_A
Однесувањето на Мејсон беше осудено од многумина во Англија и секако трпи многу критики, а таткото на претепаното девојче рече дека се надева дека полицијата ќе си ја заврши работата како што треба. Исто така, таткото Алан Робсон рече дека неговата ќерка е „целосно уништена“, и дека на сите им било тешко бидејќи Мејсон „во последните две-три години бил дел од семејството“.
Манекенката (20) сподели и гласовна порака во која минатата година се скарала со Мејсон кој потоа и се заканувал. „За ова дознавме рано утринава. Страшно. Како татко, не сакаш да знаеш дека такви работи и се случуваат на ќерка ти. Полицијата беше во куќата и таа даде изјава. Таа беше уништена бидејќи не сакаше тоа да биде јавно објавено. Во последниве месеци, односот помеѓу ќерка ми и Мејсон не беше добар“.
Девојката тврди дека нејзиниот мобилен телефон и бил хакиран, поради што работите излегле во јавноста, а со објавените „доказ“ пишувало: „На сите што сакаат да знаат што всушност ми прави Мејсон Гринвуд“.
Ова не е прв скандал за Гринвуд, кој претходно беше исфрлен од англиската репрезентација бидејќи ги прекршил правилата за карантин и се забавувал со непознати девојки во хотелска соба.
20-годишниот Гринвуд порасна во Манчестер и постигна 36 гола на 130 настапи за клубот, а ако се покаже дека навистина ја претепал девојката, тоа ќе биде голема дамка за неговата кариера, чија иднина веќе е доведена во прашање.
