Ерлинг Халанд синоќа од ложата на Сигнал Идуна Парк го следеше поразот на Борусија Дортмунд од Ајакс во Лигата на шампионите.
Норвежанецот извесно време не играше поради повреда и дефинитивно неговото отсуство се чувствува во резултатите на Борусија. Иако се веруваше дека Халанд ќе паузира само неколку недели, сега е извесно дека на теренот нема да биде до крајот на 2021 година.
„Би било предност доколку може да одигра неколку натпревари пред Божиќ, но тоа е малку веројатно. Закрепнувањето оди релативно добро во овие околности, но тој ќе биде надвор од теренот некое време“, изјави неговиот татко Алф-Инге за норвешка „ТВ2“.
Норвешкиот репрезентативец имаше одлична сезона до повредата неодамна на натпреварот против Мајнц. Имено, тој постигна девет гола на шест натпревари во Бундеслигата и три гола во Купот на Германија и еден во Лигата на шампионите.
Освен што ќе ја пропуштат Борусија до крајот на годината, ќе ја пропуштат и Норвешка во ноември во квалификациите за Светското првенство.
At halftime when all was well🇳🇴 pic.twitter.com/kB6RxaApQB
— Magnus Carlsen (@MagnusCarlsen) November 3, 2021