ФУДБАЛ

Таткото на Халанд тврди: Знам која лига би била најдобра за него

Ерлинг Халанд одлично игра во Борусија Дортмунд.

На само девет натпревари тој постигна 12 гола и се покажа како вистинскиот избор за Дортмунд.

„Не бидете изненадени, јас го правам тоа цел живот. Јас го правев тоа како дете, и сега го правам. Отсекогаш знаев дека ќе бидам добар фудбалер, но не очекував сè да оди толку брзо. Ми се допаѓа тоа”, рече Халанд.

Веќе се шпекулира дека тој нема да биде во Дортмунд долго. Наводно, Реал Мадрид е подготвен да испрати понуда што Германците не можат да ја одбијат, а за се е „крив“ неговиот татко.

Тој за шпанските медиуми изјави дека ЛаЛига ќе биде вистинскиот избор за него.

„Тие не поврзуваат со стотина екипи, но знам дека ЛаЛига ќе биде вистинскиот избор за мојот син. Тие имаат одлични тимови, но никој никогаш не знае”, вели Халанд постариот.

Халанд пристигна во Борусија за 20 милиони евра.