ФУДБАЛ

Таткото на Лопетеги “удри” по Перез и компанијата: На мојот син му украдоа 50 голови!

Тренерот на Реал Мадрид, Јулен Лопетеги, сé уште не е отпуштен.

Неговата веќе несигурна позиција на клупата на Рела додатно ја размрда, грешката во „Ел Класико“, во која Барселона ги сруши „кралевите“ со 5:1.

Додека Јулен Лопетеги беше критикуван од сите страни, неговиот татко Жозе Антонио одлучи да застане на негова страна и во изјавата за “Ел Паис” го обвини раководството на клубот за неуспехот да се донесе соодветна замена за Кристијано Роналдо.

Роналдо во просек постигнувал од 50 гола за Реал, а сега само може да се види колку му недостасува на Реал Мадрид.

“Кристијано Роналдо е добар, а дали беше тврдоглав? Ние сите имаме слабости и недостатоци, но тој барем постигнуваше 50 голови по сезона. Се гледа дека му недостасува на овој тим кој нема голгетер. Роналдо замина, а никој не дојде како замена. Се зборуваше за доаѓањето на Нејмар и некои други играчи, но ниту еден од нив не дојде, што доведува до заклучок дека на мојот син буквално му се украдени 50 голови “, рече таткото на Лопетеги, додавајќи:

“Јулен треба да се смири за да работи со она што го има, а ми кажа, да не ме разбирате погрешно, тој е задоволен од играчите. Тој обично вели: “Имам добри луѓе, тие дават се од себе”. Никогаш не ги обвинува играчите. Кога нема материјал, тогаш нема. Поточно, главниот играч замина”.

Во првите десет кола од Ла Лига, Реал Мадрид освои само 14 поени и е деветти на табелата.

ПОВРЗАНО

Ла Лига