ФУДБАЛ

Таткото на Меси и Бартомеу го завршија состанокот, најдобриот играч на светот сериозно разочаран

Таткото на Лионел Меси, Хорхе, пристигна утрово во Барселона за да разговара со челниците на каталонскиот клуб.

Како што е веќе познато, Меси минатата недела испрати барање до клубот да го раскине договорот бидејќи сака да ја напушти Барселона. Сепак, клубот одби и му рече дека може да оди само ако некој ја активира откупната клаузула од 700 милиони евра.

Најголем интерес за Аргентинецот покажа Манчестер Сити, но јасно е дека нема да платат толку многу пари за него. Меси во договорот имаше клаузула дека ова лето може да оди бесплатно ако сака, но истиот истече пред повеќе од еден месец.

Меси одби да дојде на почетокот на подготовките и рече дека повеќе не се чувствува како играч на Барселона, а потоа неговиот татко Хорхе пристигна на состанок со Жосеп Бартомеу.

Хорхе е претставник на неговиот син и тој реши да го преземе кормилото. Според многу шпански медиуми, таткото на Меси и Бартомеу вечерва одржале состанок кој не поминал како што се надевал Аргентинецот.

Имено, „Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона не сака да биде флексибилна во однос на цената на Меси и тие одбиваат да преговараат за напуштање или раскинување на договорот. Меси сè уште е играч на Барселона и ќе биде навистина интересно да се види што ќе се случи на крајот.