ФУДБАЛ

Таткото на Нејмар не успеа да ја измами Барселона, но ПСЖ плати скапо

Бразилскиот фудбалер Нејмар во текот на летото 2017 година стана најскапиот фудбалер на сите времиња, откако од Барселона се пресели во ПСЖ за неверојатни 222 милиони.

Нејмар по четири сезони одлучи да го напушти каталонскиот клуб по активираната клаузула за откуп од ПСЖ. Сепак, Бразилецот не се раздели од Барселона на најдобар начин, затоа што се расипа неговиот татко, кој го тужеше клубот, откако не му исплатија 26 милиони евра за “лојалност”.

Се разбира, Барселона одби да ги плати овие пари, а на крајот ФИФА одлучи во корист на „Каталонците“. Сепак, таткото на Нејмар на крајот не беше тажен, бидејќи добил слична сума на пари од ПСЖ. Францускиот клуб прво плати 222 милиони евра на сметка на Барса, а потоа уште 30 милиони евра на сметка на таткото на Нејмар.

Тие на тој начин сакаа да го наградат со бонус, бидејќи тој беше најзаслужен што неговиот син се пресели во ПСЖ. Но, на крајот звучи речиси неверојатно дека трансферот на Нејмар чини дури 252 милиони.