Американската реалити ѕвезда Ларса Пипен, поранешна сопруга на познатиот кошаркар Скоти Пипен, повеќе не крие од никого дека е во врска со Маркус Џордан (32). Станува збор за синот на легендарниот Мајкл Џордан . Тоа го потврдуваат фотографиите и видеата од нејзиниот 49-ти роденден, кога тие двајца покажаа премногу на социјалните мрежи. Така, во едно видео кое се прошири по мрежите, може да се види како Маркус Џордан пуши наргиле, а потоа го дува чадот во градите на занесната Ларса Пипен, а потоа и ја закопува главата во нејзиното деколте.
Marcus Jordan x Larsa Pippen pic.twitter.com/KRLg3xac9U
— Daily Loud (@DailyLoud) July 7, 2023
„Среќен роденден, љубов!“ ѝ напишал заљубениот Маркус Џордан на својата девојка.
Како што пишуваат американските медиуми, Мајкл Џордан (60) не ја одобрува оваа врска, дури и неговите односи со Скоти Пипен се заладија откако се појави информацијата дека неговиот син има афера со поранешната сопруга на неговиот соиграч. Не е тајна дека Ларса Пипен е „луда по кошаркари“, бидејќи по разводот со Скоти, со кој беше две децении, беше во врска со Тристан Томпсон, како и со Малик Бисли – со кој сега нејзиниот син игра!
