ФУДБАЛ

Тажна вест: Почина поранешниот репрезентативец на Словачка

Тажни вести доаѓаат од Словачка.

Поранешниот фудбалер на репрезентацијата на Словачка, Маријан Чишовски почина на 40-годишна возраст, откако шест години се бореше со амоторозната латерална склероза.

Чишовски играше за Интер од Братислава, Жилина, романскиот Политехнички, информацијата беше официјално потврдена од Викторија Плзен.

„Денес е многу тажен ден. Со тешко срце објавуваме дека Маријан Чишовски нè остави засекогаш“, објави Викторија.

Тој направи 15 настапи за репрезентацијата на Словачка.