Првиот човек на шпанската Ла Лига предизвика лавина коментари со неговата изјава за шпанските медиуми дадена во врска со најавата дека во 2022 година ќе се формира Европска фудбалска супер лига, во која ќе бидат најголемите или најбогатите клубови на стадиот континент.
На прес конференцијата на која поднесе оставка, сега веќе екс претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу, откри дека каталонскиот клуб се согласил да биде дел од оваа лига.
Сепак, изјавата на Хавиер Тебас претседател на шпанската лига предизвика лавина реакции.
Барселона некогаш имаше свој став и умееше да го крене гласот во Шпанија, УЕФА и ФИФА. Но, во последните три години само го повторуваше она што Реал Мадрид го говореше. Бартомеу му беше портпарол на Флорентино Перез кој е мозокот на целата оваа идеја за Суперлигата. Авторитетот на Бартомеу во шпанскиот фудбал е еднаков на нула. Објавата за Суперлига на заминување од клубот беше само последната во низата бројни грешки. Ова е стара идеја на Флорентино за која со години сонува и се обидува да ја развие, изјави претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас.
Голем број на луѓе, фудбалски работници се против оваа идеја и сметаат дека Европската фудбалска лига ќе ја уништи Лигата на шампионите, а со самото тоа и убавината на фудбалот. Но, големите европски тимови веројатно не мислат така, бидејќи освен Реал и Барса, согласност дале ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Јувентус, Интер, Милан, Баерн Минхен…