Кристијано Роналдо беше видно незадоволен по поразот од Јувентус во италијанското дерби од Интер со 2:0.
Избраниците на Андреа Пирло беа доста немоќни на тој натпревар.
Претходно протекоа информации дека „старата дама“ добила понуда од Манчестер Јунајтед за Роналдо во вредност од 60 милиони евра, а сега најдобриот играч на актуелниот италијански шампион ги загрижи сите навивачи на „бјанконерите“.
Имено, Португалецот го заследи својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед на социјалната мрежа Инстаграм и предизвика лавина коментари.
Дали Роналдо избра нов клуб, ќе дознаеме многу брзо.
🔴
Cristiano Ronaldo just followed Manchester United on Instagram. pic.twitter.com/hRc1Ir9SZA
— The CR7 Timeline. (@TimelineCR7) January 18, 2021