Разочарувачка сезона за секој великан значи и „чистење на соблекувалната“. Тоа го очекуваат во Манчестер Јунајтед по изборот на Ерик тен Хаг за нов менаџер.
Чистка на Олд Трафорд, а некои од играчите веќе го потврдија заминувањето, како Хуан Мата и Немања Матиќ, додека на Пол Погба истече договорот, па Французинот е многу поблиску до заминување отколку останување.
Веќе се најавени серија звучни засилувања со кои Тен Хаг би можел да одигра слична игра како што тоа го правеше во Ајакс во последните четири сезони.
Се шпекулираше и за иднината на Кристијано Роналдо, особено откако Манчестер Јунајтед остана без Лигата на шампионите, натпреварување кое е заштитен знак на славниот Португалец.
Угледниот Телеграф во петокот објави ексклузива за иднината на Роналдо на „Олд Трафорд“, потврдувајќи дека најпопуларниот фудбалер на денешницата останува меѓу „црвените ѓаволи“.
„Новиот тренер смета дека би било целосно лудило да не се задржи Роналдо кој има уште една година од договорот“, пишува Телеграф.
Exclusive: Erik ten Hag to tell Cristiano Ronaldo he wants him to stay at Manchester United | @JBurtTelegraphhttps://t.co/ExeHEYzBk7
— Telegraph Football (@TeleFootball) May 6, 2022
Иако има 37 години, Роналдо и покрај подемите и падовите беше најдобриот играч на Јунајтед оваа сезона со 24 гола и три асистенции.
Сепак, и покрај одличниот индивидуален учинок со неколку рекорди, португалскиот ас секако не може да биде задоволен од оваа сезона, кој нема ниту еден освоен трофеј и не е во потесна конкуренција за освојување на Златната топка.
За потсетување, договорот на Кристијано Роналдо со Јунајтед е обврзувачки до крајот на следната сезона, односно до летото 2023 година.