ФУДБАЛ

Тен Хаг: Ајде да ја научиме лекцијата

Ерик Тен Хаг е првиот менаџер на Манчестер Јунајтед по Луис Ван Гал кој загубил на своето деби.

Манчестер Јунајтед беше поразен од Брајтон на премиерата пред своите навивачи , а Тен Хаг не може да биде среќен.

„Разочаран сум, тоа е јасно. Моравме да научиме лекција. Можевме да бидеме подобри со топката, направивме многу лесни грешки. Брајтон е добар тим, но моравме подобро, примивме два лесни гола.

Во второто полувреме видов тим кој се залепи, кој се бореше и создаваше шанси“, изјави Тен Хаг, а потоа се сврте кон Роналдо.

„Овој натпревар ќе му помогне да биде пофит, но целиот тим мора да работи на тоа, не само тој.