Ерик Тен Хаг, тренерот на Манчестер Јунајтед потврди дека Бруно Фернандеш ќе продолжи да биде капитен и кога Хари Мегваер не е на теренот.
Португалецот беше жестоко критикуван од поранешните играчи на Јунајтед за неговото однесување и перформанси на натпреварот против Ливерпул, кој Манчестер го загуби со 7-0.
„Лентата ќе биде и ќе биде на раката на Бруно. Тој имаше брилијантна сезона и огромна заслуга за сите наши успеси. Тој е инспирација за тимот. Сите како нас прават грешки и учат. Така е и со Бруно“, изјави холандскиот стручњак.
Тен Хег не застана тука.
„Бруно е неверојатно интелигентна личност. Воодушевен сум што тој е наш играч и секогаш ќе биде капитен кога Хари Мегваер не е во тимот“.
Јунајтед утре ќе го пречека Бетис во осминафиналето од Лига Европа, а откако ја елиминира Барселона е еден од фаворитите за освојување на второто најсилно европско натпреварување.
