Ерик тен Хаг летово ќе направи големи промени во играчкиот кадар на Манчестер Јунајтед.
Холанѓанецот неодамна и официјално беше претставен како нов тренер на „црвените ѓаволи“ и јасно е дека му претстои голема работа на „Олд Трафорд“ ова лето.
Навивачите на Манчестер Јунајтед се надеваат дека Тен Хаг конечно би можел да го врати овој клуб на самиот врв каде што беше додека го тренираше Сер Алекс Фергусон.
Тен Хаг веќе направи одредени кратења во играчкиот кадар, а на некои играчи им порача дека нема да смета на нив. Тие летово ќе се најдат на трансфер листата, но Тен Хаг се изненади кога слушна дека немаат ништо против тоа.
Тие едвај чекаат да си заминат од „Олд Трафорд“ бидејќи претходните сезони воопшто не играле во овој клуб, а одамна е јасно дека среќата треба да ја бараат на друго место.
Играчите за Хаг изјавија дека би можеле да го напуштат клубот Ентони Марсијал, Ерик Бејли, Дин Хендерсон и Фил Џонс. Поради тоа не му правеле никакви проблеми и рекле дека немаат ништо против тоа.
Исто така, Тен Хаг се очекува наскоро да разговара и со други играчи, а на списокот на отпишаните најверојатно ќе се најде и десниот бек Арон Ван-Бисака.