Манчестер Јунајтед сака да го доведе англискиот репрезентативец и капитен на Евертон, Џордан Пикфорд.
Како што пренесува TalkSport, тие се подготвени да го доведат Пикфорд на Олд Трафорд дури и ако Давид де Хеа остане во клубот.
Претходно беше објавено дека Пикфорд е главен кандидат да го замени Давид де Хеа доколку Шпанецот го напушти Манчестер. Сепак, сега се очекува Јунајтед да потпише со 29-годишниот англиски голман дури и ако Де Хеа го продолжи договорот за уште една година.
Ерик тен Хаг наводно не бил задоволен од формата на Де Хеа во текот на сезоната. Воедно, тој високо го цени голманот на Евертон.
Давид Де Хеа (32) е незаменлив на голот на Јунајтед веќе 12 години, бранеше и во 2013 година кога беше освоена последната титула во Премиер лигата под водство на Алекс Фергусон, но минатата сезона имаше неколку падови поради кои загуби . довербата на холандскиот тренер.
🚨 Manchester United want to sign Jordan Pickford to replace error-prone David de Gea. 🏴
(Source: @talkSPORT) pic.twitter.com/U4d51H8DU9
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 11, 2023
